Пајак службата денеска креваше непрописно паркирани возила од кејот на реката Вардар, под мостот „Гоце Делчев“, откако граѓаните реагираа дека просторот под мостот се претворил во паркиралиште.

Градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Центар Саша Богдановиќ, изјавија дека редовно ќе се чистат јавните простори од непрописно паркирани возила.

Апелираат граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.