Во рамки на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” се одржаа повеќе настани и активности.

Се одржаа спортските натпревари во фудбал и тенис, под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, а љубителите на спортот имаа можност да гледаат квалитетни натпревари. Како дел од одбележувањето на патрониот празник беше и традиционалната крводарителска акција, на која жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело преку дарувањето на крв.

Во делот на културата и збогатување на културните настани се одржа изложбата на повеќе уметници од општина Илинден, во Домот на култура „Илинден” каде беа презентирани повеќе од 40 уметнички дела. Во галеријата на Домот на култура „Марино” се одржа изложба на слики во техника цртеж и скици на Васе Костовски, уметник аматер од општина Илинден.

Во насока на одбележувањето на Денот на општина Илинден, се отпочна реализација на капиталниот проект за изградба на новото основно училиште во населба Илинден, со цел обезбедување на поквалитетен образовен процес. Со изградбата на новото училиште ќе се овозможи наставата во училиштата да се одвива во една смена, како и ќе се овозможи наставата во училиштата да се одвива во една смена, како и ќе се овозможи воведување на целодневна настава.

Завршниот настан се одржа во амфитеатарот во паркот „Галерија на отворено” пред Домот на култура „Илинден” каде настап имаше групата Некст Тајм и Тринити Стрингс, а граѓаните имаа можност да ги слушнат преработките на старите македонски песни.