Големи парчиња малтер се ронат од фасадата во строгиот центар на Скопје и претставуваат сериозна опасност за сите што секојдневно минуваат на оваа локација. Таблата со предупредување дека фасадата се рони ама баш никого не може да заштити, бидејќи никогаш не се знае кога ќе се одрони ново парче. Веројатно никој не се грижи повеќе за градските фасади, кои своевремено градот ги обновуваше, па може слободно да се каже и дека не беа долго изложени на забот на времето. Веројатно тие почна да паѓаат поради лошата изведба, а резултатот од тоа е парче малтер врз нечија глава. Проблемот со старите фасади постои на повеќе локации во главниот град, но ниту станарите, ниту надлежните не преземаат чекор за да се реши оваа ситуација.