Општината Карпош денеска отвора нов парк за миленици. Новоизграденото место со неколку реквизити за милениците и простор за шетање се наоѓа во населбата Влае 2, а се протега по должината на кејот на Вардар, во близината на постојното фудбалското игралиште. Отворањето на новиот парк за миленици ќе биде одбележан со маалска дружба на граѓаните, а почетокот е закажан за 11.30 часот.

На отворањето на паркот ќе бидат присутни и градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, како и претставници од Кинолошкиот сојуз, со кои сопствениците на кучиња ќе имаат можност да се дружат и да поразговараат.