Општината Кисела Вода од вчера доби нови цветни аранжмани од видовите импатија, колеус и петунија, и со тоа се разубавија многу катчиња.
Цвеќиња беа засадени во парковите на повеќе локации, а со оваа акција за разубавување на општината планирано е да бидат засадени околу 2.000 садници во повеќе месни и урбани заедници.

Освен дел од парковските површини, со расцветани петунии, импатии и колеуси заличеа тревните површини и жардиниери во Црниче, Цветан Димов, Пинтија, 11 Октомври, како и делови во населбата и селото Драчево. Од општината велат дека цвеќиња се садени и во основните училишта и градинките низ Кисела Вода.
Цветните садници што општината Кисела Вода ги засади низ својата територија се донација од градот Скопје и од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.