Поројниот дожд што изминатите денови ја зафати метрополата предизвика паѓање на повеќе дрвја низ градот. Завчеравечер едно големо дрво падна на улицата Грујица Војвода во Бутел 2, при што на терен веднаш излегоа екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и ја ослободија улицата за сообраќај.
Вчераутро имаше паднато дрво и на улицата 881 во општината Гази Баба.