Сообраќајот по улиците во Скопје по невремето е нормализиран. Пренасочувања имало кај кружниот тек кај Континентал и на улица „Цветан Димов“. Пријавено е оштетување на 10 возила.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека кај Континентал пренасочувањето било поради заглавено возило, а на улицата „Цветан Димов“ поради паднато дрво на коловозот.

Од невремето во полиција е пријавено оштетување на кровни конструкции на објекти на ул. „Владимир Комаров“ и Карл Либкнехт“.