Во општината Центар е отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост, на возраст од над 18 години. Центарот ќе обезбедува 24-часовна нега од страна на негуватели.

Помош и нега ќе биде обезбедена и за лицата со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки затоа што центарот поседува мултидисциплинарен тим што е составен од доктор специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог и дефектолог. Во соработка со Црвениот крст на градот Скопје, годинава се ангажирани 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје обезбедувајќи им нега и грижа што им се потребни. Дневниот центар се наоѓа на улицата Пролет, број 39, до продажниот центар на „Веро џамбо“.