Општина Центар по денешното невреме, формира општинско координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и констатација на штетите.

Од Општината информираат дека со цел нормализирање на состојбата на улиците и нормално движење на граѓаните, екипите се веќе на терен и работат на санирање на штетите.

Координативното тело за проценка на штети ги повикува граѓаните доколку увидат оштетување на јавна површина, да пријават на следните телефонски броеви: 075316120 Димитар Цековски, 076381335 Дамјан Момировски, 076313381 Кире Секуловски и 076313387 Нико Николоски.