Општина Центар денеска почна да ги отстранува терасите пред угостителските објекти откако  сопствениците и по шест месеци, колку што им беше оставено време, тоа не го сторија.

– По бројните жалби на жителите на општината и по донесувањето на решенијата од страна на овластените инспектори, на засегнатите страни им беше оставен простор од повеќе од шест месеци сами да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти. Бидејќи тоа не го сторија, општината пристапи кон административно извршување на донесените управни акти – информира Општината.

Акцијата на општина Центар за справување со диво поставената урбана опрема ќе продолжи и во наредниот период со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината.