Фото: Илустрација

На барање на граѓаните од урбаната заедница „Кисела Вода“, на тревните површини на ул. „Димо Хаџи Димов“ бр.145, Општина Кисела Вода спроведе голема акција за расчистување на мини-депонија.

Со акцијата за чистење, која ја вршеа 15 општински работници, скастрени беа грмушките и нараснатите гранки на дрвата, кои на пешаците им пречеа во движењето на пешачките патеки. Увид во работните активности изврши претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

Локалната самоуправа апелира за почитување на јавниот ред, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат како несовесни граѓани одложуваат отпад на јавни површини истите да ги пријават во Секторот за инспекциски работи во Општина Кисела Вода.