Отсега дечињата на жителите на селото Драчево, а и на посетителите на познатото излетничко место „Три круши“ ќе имаат големо катче за дружење, игра и забава. До игралиштето, направен е и летниковец во кој блиските на децата додека внимаваат на нив, во него ќе уживаат и ќе се дружат.

Неодамна, Општина Кисела Вода целосно го асфалтираше и го осветли патот кој води до „Три круши“ и до црквата „Св. Петка“.

Општината изминатиов период со цел да обезбеди правилен развој на децата, изгради нови детски игралишта, а инвестираше и во санација на постоечките.