Општина Кисела Вода ​со цел да го подигне нивото на чистотата и хигиената на својата територија, набави две нови возила со прскалки за чистење под висок притисок.

Сезонските работници, со возилата секојдневно ги мијат улиците и тротоарите кои се во надлежност на Општината. Паралелно со ова, тие вршат и расчистување на отпадоците по должината на улиците. Со овие активности видно ќе се придонесе за чиста животна средина.

За набавката, Општината обезбеди средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка од Светска банка и од Бирото за регионален развој.