Патот ќе биде асфалтиран во должина од 1.450 метри, на дел од истиот ќе бидат изработени тротоари, а ќе бидат поставени и рабници.

За четири месеци, кога е планирано да завршат работните активности, жителите на селото безбедно и полесно ќе стасуваат до своите домови.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, денеска извршија увид во градежните работи на улицата во селото Усје.

Општината патот до Усје го реконструира со средства обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка.