Општина Кисела Вода започна со активности за уредување на паркот „Пушкин“. Во паркот, кој е со површина од 1.148 квадратни метри, се поставува автоматски систем за наводнување на зеленилото. По ова, во него ќе бидат засадени трева, јавори и црвени сливи. Според предвиденото, до почетокот на пролетта паркот ќе биде комплетно хортикултурно уреден. Со овие зафати, Општината ќе го зголеми зеленилото, а на жителите ќе им направи поубаво место за дружење и уживање.