Од општината Кисела Вода информираат дека спроведуваат акција за санација на урбана опрема, спортски и детски игралишта во сите урбани и месни заедници на својата територија. Според информациите, досега се целосно реконструирани и обновени детските игралишта на улиците Јабланица, Димо Хаџи Димов, Малешевска, Киро Фетак, во месната заедница Потстаница, во месноста Дупки.

Исто така, обновени се и две детски игралишта во селото Драчево. Дополнително, на две јавни чешми во селото Драчево поставени се информативни табли за забрането пиење на водата, додека во повеќе месни и урбани заедници поставени се и 14 табли за забрането фрлање шут. Акцијата, како што информираат од општината, продолжува до завршување на активностите за реконструкција и обнова на урбаната опрема на целата територија на локалната самоуправа.