Петнаесет лица со завршено високо образование од профилот дипломиран дефектолог, педагог, психолог, професор (одделенски, предметен) ќе бидат времено вработени од страна на Општина Кисела Вода преку Програмата „Општинско-корисна работа“, проект „УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ”.

Истите ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од девет месеци (во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес), статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје во периодот од 24.8.2020 година до 31.8.2020 година од 8 до 14 часот или во Општина Кисела Вода во период од 8 до 16 часот.