Општината Карпош почна со хортикултурно уредување на плоштадот „Делфина“ во Влае. Одделението за заштита на животната средина и природата на плоштадот засади 2.500 парчиња цвеќе од видот виола триколор и 1.000 парчиња цвеќе од видот хризантема, во зелена, бела и виолетова боја.

Акцијата за засадување на есенско цветно аранжирање и разубавување на зелените површини ќе продолжи и во наредниот период, на сите плоштади што се наоѓаат на територијата на општината Карпош.