Градинките во општината Бутел добија осум прочистувачи, а донацијата лично им ја врачи градоначалникот Велимир Смилевски. Прочистувачите ќе бидат распределени за најмалите, што се во јасли, и за оние малку поголемите. Од општината Бутел информираат дека во тек е набавката на уште 28 прочистувачи, кои се предвидени за покривање на просториите за сите возрасни групи во шесте објекти на ЈУ детска градинка „11 Октомври“.

– Грижата за најмладите е континуирана, особено во овие зимски месеци кога загадувањето на воздухот е зголемено. Барем престојот во градинките да им го направиме поздрав и попријатен – вели општинскиот градоначалник Велимир Смилевски.