Општината Аеродром во оваа учебна година ќе ги надомести трошоците за обезбедувањето на училиштата и на градинките, трошок што претходно го имаа родителите. Општината во својот буџет за оваа намена предвиде пет милиони денари. 

Како што велат од општината, одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и на градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на почетокот на новата учебна година, заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче.

– Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што досега ги плаќаа родителите.