Општинската администрација на Аеродром се ослободи од старите и дотраени електронски апарати. Одговорните за преземање на електронскиот отпад од здружението „Нула отпад“ од просториите на општината Аеродром подигнале 21 компјутер, 29 монитори, 3 лаптопи, 2 печатачи, 30 тастатури и 6 мауси.

– Со ова, општината се вклучи во низата акции што веќе неколку години ги организира „Нула отпад“ на ниво на целата територија, при што граѓаните имаат можност бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад. Општината Аеродром, во соработка со „Нула отпад“, гради систем на висока општествена одговорност и придонесува за поздрава и почиста околина -информираат од општината Аеродром.

Оттаму посочуваат дека ваквите акции имаат цел да ја зголемат свеста кај граѓаните за справувањето со опасниот отпад, што ќе придонесе да се зачувува животната средина.