Фото: Игор Бансколиев

Утоварот на опасен хемиски отпад вчера бил извршен во кругот на ОХИС. Станува збор за 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав. Хемикалиите биле ставени во камиони што ги исполнуваат условите за транспорт на опасен отпад и на овој начин продолжи чистењето на фабриката.

За оваа активност биле известени сите компании што вршат дејност, со што во текот на утоварот бил воспоставен посебен режим за движење на лица и возила во кругот на ОХИС, како што соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

По утоварот била извршена царинска постапка за извоз и отпадот се упатил кон постројката за уништување која се наоѓа во Франција. ДИЖС утврди дека постапката за отстранување на отпадните хемикалии била успешно завршена.