Градот Скопје извести дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне в понеделник, 31 август, и ќе заврши најдоцна до петок, 4 септември, а ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.