Фото: Маја Јаневска-Илиева

Делегации на државниот врв денеска положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес на Градските гробишта Бутел по повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Почит на жртвите оддадоа делегација од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во која беа првиот вицепремиер Артан Груби и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Петре Шилегов положи венец, како и делегација на Советот на Град Скопје во која беа советниците Бранко Георгиевски, Ирена Попова и Бојан Ивановиќ.

Почит на жртвите во земјотресот во Скопје оддадоа и делегации на политичките партии, општините во Скопје, претставници од Црвениот крст на град Скопје, од јавните претпријатија и културните установи на главниот град, од државни институции, здруженија, странски делегации во Македонија и граѓани.