Реконструкцијата на детското игралиште спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, во урбаната заедница Пецо Божиновски-Кочо, заврши. Општина Карпош го отстрани стариот и оштетен „брод“ и на негово место постави нови реквизити за најмладите. Поставени се нови клацкалки и тобогани, со што се подобрија условите за рекреација на децата од овој дел на Карпош.
– Овој период се работи и на обнова на детското игралиште на улицата Варшавска во Тафталиџе 1. И на оваа локација, старите реквизити целосно ќе се заменат со нови. Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани на одговорно користење на новопоставената опрема – апелираа надлежните од Карпош.
Во изминатиот период, Општината реконструира повеќе детски игралишта. Обновени се детските зони во Карпош 4 на улицата Никола Парапунов во Жданец, во Козле на улицата Јуриј Гагарин и во Влае 2 кај спортско-рекреативната зона по должината на кејот.