Општината Ѓорче Петров постави целосно нова урбана опрема на претходно уништеното детско игралиште во населбата Дексион, лоцирано веднаш зад амбулантата. На задоволство на граѓаните, по долги години е обновен овој простор и повторно адаптиран за користење, со што стана место каде што сега почесто ќе престојуваат најмладите, но и повозрасните заедно со нив.

– Продолжуваме со интервенциите на повеќе локации низ Ѓорче Петров, за да опфатиме што е можно повеќе места каде што е неопходно да се санираат штети, но и да се постави целосно нова урбана опрема – информираат од општината Ѓорче Петров.