Во текот на вчерашниот ден, во присуство на градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, министерот за животна средина, Насер Нуредини и заменик-директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Џеладин Џеладини, беше пуштен во употреба новиот резервоар за вода во селото Свиларе.

– Изведбата на овој проект е преку соработка на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Општина Сарај и вклучува изградба на резервоар со капацитет од 250 метри кубни во Горно Свиларе и проширување на капацитетот на резервоарот во Долно Свиларе. Со цел реализација на овој проект, ЈП Водовод и канализација – Скопје, обезбеди пумпи за резервоарот и приклучни делови за системот како и поврзување на новите приклучоци за корисниците. Во текот на јуни се очекува и поставување на опрема за автоматска работа на пумпите со што ќе се овозможи спојување на системот на Долно Свиларе со системот на Горно Свиларе – изјави заменик-директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Џеладин Џеладини.