Нов пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе меѓу селата Кондово и Свиларе. Гори борова шума.

Противпожарната единица на град Скопје интервенира со три возила и 10 пожарникари.

Пожарот избувнал на непристапен терен, се прават напори да биде ставне под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово.