За 24 месеци ќе има нов мост во должина од 120 метри на булеварот „АСНОМ“, кај хотелот „Русија“.

– За проектот е предвидено пробивање и продолжување на нов булевар во должина од 2.107 метри, од хотелот „Русија“, преку Вардар и населбата Керамидница до Скопски саем – рече на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Проектот е вреден од 7,5 до 8 милиони евра.

На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалниците на Аеродром и на Гази Баба Златко Марин и Борис Георгиевски.