На плоштадот „Македонија“ денеска е поставено  паркиралиште за велосипеди, кое е донација од Пивара АД Скопје и од компанијата Кока-Кола.

Тоа е едно од трите паркиралишта за велосипеди што Пивара АД Скопје му ги доделува на Град Скопје. Преостанатите две ќе бидат поставени на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во близина на  Народната банка на Република Македонија и на булевар „Јане Сандански“ кај ТЦ Капитол.

Паркиралиштата за велосипеди имаат модерен дизајн, во облик на препознатливото шише на Кока-Кола, а може да се паркираат 24 велосипеди.

Проектот за поставување на овие паркинзи за велосипеди почна минатата година и досега се поставени на повеќе локации низ градот. Вкупната вредност на проектот е 1.264.603 денари.

– Целта е да се промовираат физичките, спортските и рекреативните активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт, соопшти Град Скопје.