Општината Бутел постави ново осветлување во дворот на основното училиште „Лиман Каба“ во населеното место Љуботен. Десет електрични столбови сега целосно го осветлуваат училишниот двор од сите четири страни. На новите електрични столбови инсталирани се 14 натриумови светилки. Зафатите на поставувањето на новото електрично осветлување ги изведуваше „КОД инженеринг“ – Скопје, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Од општината Бутел информираат дека се осветлени и другите дворови на градинките и основните училишта на територијата на општината Бутел.