Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“.

Во пресрет на Нова Година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче. Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.

Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.

Поради временските неприлики, „Новогодишна Зоо Бајка“ наместо на првично најавениот датум 27.12, се префрла за 28.12 ( понеделник), со почеток во 13:30.