Во населбата Долно Лисиче, на главната улица 1, се поставуваат нови приклучоци на фекалната канализација. Идејата е во иднина на нив само да се поврзе проширената мрежа без да се прекопува реконструираната сообраќајница.

– Извршени се прекопи и се изведени приклучоци на фекалната канализација за мрежата која во иднина ќе се развива за да се избегне прекоп на улицата што моментално се реконструира, а наскоро ќе биде и асфалтирана – велат од општината Аеродром.

Ваквите потези и во иднина треба да се реализираат плански, а со цел да не се случува штотуку реконструирани улици да бидат прекопувани по неколку пати.
Градежните работи на прекопите во Долно Лисиче ги изведува општината Аеродром во соработка со ЈП „Водовод и канализација“.