Од утре, 1 јуни, ЈП Градски паркинг – Скопје ќе почне со работа на две нови паркинг-зони. Едната зона е зона Б10, лоцирана кај новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и Кале. Зоната ќе биде исклучиво за комерцијална употреба и еден час паркирање ќе чини 35 ден.

Другата зона е паркинг-зона Д2, лоцирана кај „Три бисери“ – Аеродром. Зона Д2 ќе биде за комерцијална употреба, а еден час паркирање ќе чини 25 денари.

Исто така, ќе се издаваат и дозволи за паркирање за вработени, правни и физички лица, како и за станари. Сите наведени категории на корисници за да се стекнат со право на паркирање, потребно е да достават комплетна документација во канцелариите на Повикувачки центар Аеродром- позади ТЦ „Бисер“ во период од 01.06-30.06.

Работното време на зоните ќе биде од 7 до 23 часот од понеделник до сабота.

Од утре започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.