Жителите од скопската населба Жданец добија нови кошови на постојното спортско игралиште. Новите реквизити ги постави општината Карпош и со тоа им овозможи на граѓаните да добијат пофункционално и поубаво спортско катче.

– Станува збор за едно од пофреквентните места во овој дел од Карпош, каде што младите и повозрасните спортуваат и се рекреираат. Обновата на ова игралиште ја побараа и присутните граѓани на маалската средба со градоначалникот Стефан Богоев, која се одржа во текот на летниот период – информираат од општината Карпош.

Оттаму објаснуваат дека изминатиот период реконструирале повеќе детски и спортски игралишта, како и терени во училишните дворови. На овој начин велат дека се подобрува спортската инфраструктура во општината и се создаваат услови за омасовување на спортот.