Општина Карпош ангажира овластена фирма која денеска постави нови стилизирани корпи за догорчиња во околината на ТЦ „Лептокарија“ во Карпош 3 и пред платото на Драмскиот театар во Карпош 2. Овие корпи се наменети единствено за догорчињата од цигари и апелираме до граѓаните да се користат исклучително за оваа намена.

Локалната самоуправа во изминатиот период промени и дел од корпите за џебен отпад во повеќе населби, со цел да се подигнат квалитетот на урбаната опрема и начинот на кој се одлага отпадот.

Во тек е и информативната кампања на Општина Карпош за правилно одлагање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот/електронскиот отпад.