Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ постави канти за ситни отпадоци во Старата скопска чаршија и во централното градско подрачје. Од претпријатието информираат дека градот Скопје неодамна набави 950 нови канти наменети за ситни отпадоци, од кои 100 имаат вградени ќесиња за фрлање отпад од домашни миленици. Вкупно 85 од овие канти вчера беа поставени во Старата чаршија, додека 100 канти се распоредени во општината Центар.

– Поставувањето на новите канти за ситни отпадоци во голема мера ќе придонесе за подигнување на нивото на хигиената на јавните површини во нашиот град. Кантите ќе бидат распоредени во сите скопски општини, а покрај Старата чаршија и кејот 13 Ноември, во текот на утрешниот ден. Ќе поставиме 20 канти и во спортско-рекреативниот центар „Матка“. Градот Скопје ги набави овие канти, обврска на општините и на екипите на ЈП „Комунална хигиена“- е редовно да ги празнат, но од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки да ги зачуваат за што подолго време да бидат функционални и неоштетени – рече директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје Абдусамед Шабани.