Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и на обнова на водоводната и канализациската мрежа во Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. За исполнување на својата дејност и работните активности, водоводното претпријатие, во согласност со плановите за работа и инвестициските програми, реализира и инвестиции во сите сектори според потребите на истите тие.
– Направивме набавка на две нови товарни возила, кипери – влекачи, со носивост од 10,5 тони, со што го обновивме и дополнивме возниот парк во секторот механизација, кој е во служба на сите други сектори. Со оваа инвестиција, уште еднаш придонесовме за зголемување на ефективноста и ефикасноста, но и мобилноста на екипите и механизацијата на територијата на Скопје – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.