ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.

Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија на ул. Алексo Демниевски, во должина од 1500 метри.

– Новата водоводна линија во должина од 1500 метри со полиетиленски цевки со дијаметар од 90мм која се поставува на ул. Алексо Демниевски и краците на самата улица оформува кружен тек со што се подобрува водоснабдувањето за корисниците во тој дел од градот Скопје – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.