Корисниците во неколку општини во Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, информира ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 6:00 до 10:30 часот, дел од корисниците на ул. Козара од бројот 1 до бројот 20 и еден дел од улицата Шарски одреди во општина Центар нема да имаат струја.

Без електрична енергија во периодот од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул. Партизански одреди бројот 39 (зградата спроти Градежен факултет).

Без струја од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од село Сопиште улиците 1, 5 и 7.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат објектите на Славија, ТВ – 24, Бетон Скрепер, Бриколаж, Нептун и бул. Војводина во општина Гази Баба.

Во периодот од 9:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во село Катланово (потрошувачите од десната страна од автопатот Скопје – Велес) во општина Петровец.