Фото: Маја Јаневска Илиева

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, заради подобра информираност на граѓаните на Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.12.2020 до 25.12.2020 зеде 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 38 мерни места во Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр.183/18) – информираат од претпријатието.