Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода.

– Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми – информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Меѓу хоспитализираните пациенти има 4 пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.