Во насока на создавање чиста и здрава животна средина за живеење, Општина Кисела Вода започна да врши активности за расчистување на една од најголемите диви депонии во селото Драчево.
По целосното расчистување на депонијата, која со години создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над пет илјади квадратни метри, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки и урбана опрема.
Жителите од селото Драчево напролет ќе добијат нов голем парк за релаксација и уживање во природа.
За потсетување, во близината на паркот што наскоро ќе биде направен, пред две години Општината во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, од место на кое несовесни жители создаваа дива депонија, направи голема хортикултурно уредена зелена парковска површина.