Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.

– Одамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете. Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет -изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.