Фото: Дарко Андоновски

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои се и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари.

Како што информираат градските власти, на мерните станици во главниот град концентрациите на ПМ10 честички во воздухот се под прагот на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.

Мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.