Во есенската акција за садење што се реализира периодов, екипи на град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ засадија над 7000 нови висококвалитетни садници на различни локации во сите скопски општини. Со есенските активности за разеленување на Скопје и уредување на нови зелени површини со висококвалитени садници беа разубавени поголемиот број градски булевари и улици и градските паркови.

Како дел од акцијата подигнати се нови дрвореди, дополнети се постоечки дрвореди, обновено е средишното булеварско зеленило и уредени се нови зелени површини, како и мали зелени плоштади.

– Зазеленувањето и подигнувањето на нови зелени површини останува на врвот на листата на приоритети на град Скопје. Оваа есен беше успешно искористена да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка што непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации – велат од град Скопје.