Над 600 хумани граѓани и тимови од компании денеска заедно со дечињата со Даунов синдром и нивните семејства се приклучија кон хуманитарна трка „Run for Down“ што ја организираше Мечувалечкиот клуб „Ескрим“.

Трката се одржува четврта година по ред, а собраните средства ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром.

Претседателката на Мечувалечкиот клуб „Ескрим“ Билјана Николовска-Кумановска изрази задоволство од годинашниот одзив на учесниците.

– Оваа година, неочекувано имаме одличен одзив на нашите хумани граѓани и на многу општествено одговорни компании кои дојдоа во голем број да дадат поддршка на настанот – изјави Николовска-Кумановска.