Фото: Маја Јаневска- Илиева

Илјада и деветстотини учесници денеска трчаат на Skopje Run 10K. Трката од 10 километри и штафетната трка од 5 километри х 2 почна во 9 часот пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје.

Трката е организирана од Сојузот на спортовите на Скопје, Атлетската федерација и Атлетскиот клуб „Работнички“, кои велат дека се целосно подготвени за одличната атмосфера што му претстои на Скопје.

Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“, информира дека оваа година околу 1.900 учесници се пријавија да излезат на булеварот Илинден и дека има учесници од Кенија.

Skopje Run 10K оваа година се одржува третпат.

Сите што сакаат да помогнат и во акцијата #ЗасадиВоздух може да купат dry-fit маица за време на подигнување на пакетите и од неа да донираат 100 денари за засадување дрвја во Скопје. Акцијата е организирана заедно со Град Скопје.