Голем дел од населбата Карпош попладнево остана без електрична енергија. Улицата Илинденска е во мрак и не работат ниту семафорите на булеварот. 

Електрична енергија нема ниту во кафеаните во Дебар маало. Од ЕВН информираат дека дефект настанал во главната трафостаница во Козле и се очекува наскоро да биде саниран.