Премиум Релито Софија – Свети Влас за екслузивни автомовили денеска по прв пат ќе гостува во Скопје.

Според организаторите, станува збор за настан кој на уникатен начин спојува запознавање на интересни дестинации, забава и моќни и атрактивни автомобили.

Во центарот на Скопје на плоштад Македонија, од 13:00 часот љубителите на спортските автомобили ќе можат да погледнат повеќе од 40 лимитирани серии на возила меѓу кои Lamborghini Aventador Spyder – со преку 700 к.с., AUDI R8 PLUS – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инжењерство, Ferrari 488 – Носител на награда „Супервозило на годината“ од Top Gear, Aston Martin DB11 кој е избран за возило на Џејмс Бонд и AMG GT R – специјално создадено чудовиште за на патеките од Mercedes-Benz, Mercedes-Benz C63 S Coupe оптимизиран од Manhart со преку 700к.с.